Само неколку часа откако Селена Гомез го објави својот долгоочекуван сингл, „Lose You To Love Me“, за кој многумина мислат дека е посветен на нејзината поранешна љубов пејачот Џастин Бибер, неговата сопруга Хајли Болдвин одговори многу кратко и јасно: „Ќе те убијам“. (I’ll Kill You).
Се чини дека во светот на славните на повидок е ново-стара љубовна драма. Селена ја покрена со објавата на песната за која сите сметаат дека е посветена на Џастин, а Хајли не останала рамнодушна.
На својот Инстаграм „стори“ Хајли ја објавила песната „I’ll Kill You“ на Самер Валкер. Со оглед на тоа дека сторито е споделено веднаш по премиерата на песната на Селена, обожавателите се убдени дека Хајли на овој начин ѝ пратила суптила порака.
Селена само неколку минути подоцна објавила скриншот од белешката што ја пишувала за религијата и Господ и за фактот дека, иако непријателот се обидува да ја совлада, таа тој напад ќе го издржи и ќе остане на нозе.
Хајли подоцна го избриша „сторито“ на Инстаграм како и објавата дека воопшто не е точно тоа за што ја обвинуваат обожавателите.
FOTO: Printskrin/Instagram