Хајди Клум (45) и Том Каулиц (29) вчера се венчаа на италијанскиот остров Капри во присуство на блиските пријатели и роднини. Венчавката била романтична, невестата преубава, а гостите уживале во крстерењето кои брачната двојка го организирала за овој чин.
Манекенката и познатиот музичар вторпат разменија завети, а потоа организираа поголема прослава за гостите.
Првпат го направија тоа тајно, во февруари годинава, во една помала капела за церемонијални венчавки, која е оддалечена 20 минути од куќата во која живеат.
На венчавката присуствуваа децата на Хајди кои ги има од претходните два брака.