Германката Хајди Клум (46) зад себе има два пропаднати брака, мајка е на четири деца, а новата сродна душа ја пронајде лани во март, кога се вљуби во 17 години помладиот Германец Том Каулиц.
Двојката се венча во тајност уште во февруари, а минатиот викенд тие имаа втора свадбена прослава што ја организираа на луксузна јахта во романтична Италија.
Славната манекенка и музичарот, кој стана познат како гитарист на групата „Хотел Токио“, решиле да остане и на меден месец во Италија.
Тие се снимени како уживаат на плажа на островот Капри, а покрај децата на Хајди, со новопечената брачна двојка бил и 10 години помладиот брат близнак на Том, Бил Каулиц, кој инаку е пејач во бендот „Хотел Токио“.
Хајди во еден момент се соблекла топлес, не осврнувајќи се ни на папараците ни на погледите на љубопитните туристи.
Фотографиите можете да ги погледнете тука.