Хајди Клум ги покажа брадавиците, а фановите ја „исплукаа“: Ова е вулгарно! ФОТО

46-годишната Хајди отсекогаш била без стеги кога станува збор за покажување на своето голо тело.

4228

Откако Хајди Клум и Том Каулиц се венчаа по вторпат, на свадбената церемонија што се одржа на јахтата близу островот Капри на почетокот на август, младенците продолжија да уживаат воромантичниот меден месец.
Двојката изгледа посреќна од кога било на луксузната јахта.

Германскиот топ-модел, 46-годишната Хајди отсекогаш била без стеги кога станува збор за покажување на своето голо тело. Па така и овојпат осамна фотографија на нејзиниот профил на Инстаграм, на која Хајди е топлес, само лесно покриена со крпа, од која „ѕиркаат“ и нејзините брадавици.

Во „црно-бел“ кадар, русокосата позира топлес под сончевите зраци

„Сè што гледам е ВОДА“, напишала таа покрај фотографијата.

„Зошто го објави ова?“, „Имаш деца, претстани да живееш како да имаш 20 години!“, „Вулгарно, ова не е „Плејбој“, „Сè што гледам е криза на средните години“, се некои од коментарите на згрозените фанови.

Фотографијата можете да ја погледнете тука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...