Хасани: Повредените во експлозијата во Романовце се со тешки изгореници

91
FOTOMIA

Здравствената состојба на повредените кои настрадаа во вчерашната експлозијата на плинска боца во кумановското село Романовце е многу тешка, изјави директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар – ТОАРИЛУЦ д-р Илир Хасани.

Тој посочи дека се примени тројца пациенти и тоа две жени на возраст од 35 и над 50 години и еден маж на возраст од 65 години.

За жал, во текот на вчерашниот ден почина 58-годишен пациент кој беше во критична состојба откако настрада во експлозијата на плинска боца во Романовце. Состојбата на тројцата пациенти, особено на двете жени е многу критична и тешка, меѓутоа се бориме со максимални сили за да ја стабилизираме нивната здравствена состојба, рече д-р Хасани.

Тој појасни дека се работи за тешки изгореници кои се инкомпатибилни по живот, се работи за повреди, изгореници кои се над 80 отсто, додека мажот има изгореници кои се 45 отсто.

– Изгорениците се предоминантна повреда која го загрозува и животот на повредените. Тројцата повредени се хоспитализирани во Единицата за интензивно лекување, се интубирани и се на механичка вентилација во критична состојба – додаде д-р Хасани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...