Хари паднал во тешка депресија откако го напушти кралското семејство

2409

Хари и Меган Маркл, откако објавија дека се повлекуваат од кралските должности затоа што сакаат да живеат самостојно во Канада, според пишувањата на en24.news, тим од терапевти се грижеле за наводната емоционална слабост на принцот.

Хари се плашел дека Меган ќе го остави и ќе го земе бебето. Тој имал сериозни проблеми и бил пред нервен слом. Не излегувал надвор од вилата со недели. Лекарите му препишале лекови против вознемиреност, а со Меган отишле на редовна семејна психотерапија, тврдат извори блиски до парот.

Хари, додаваат тие, е подготвен да стори апсолутно се за неговата сопруга и смета дека ова е „неопходна жртва и единствената надеж за зачувување на бракот, но исто така и негов здрав разум“.

Но, кралскиот биограф и новинар Пени Џуниор не е премногу оптимист и смета дека принцот, вртејќи го грбот од кралското семејство, е „на безбеден пат до самоуништување“.

– Меган, беше несреќна и го повлече емоционално нестабилниот Хари со себе. Неговата одлука за преселба дополнително ја засили принцот Ендру, велејќи дека, за жал, покрај неговиот постар брат Вилијам, тој секогаш ќе биде „втора виолина“ (истото се случи со него – имено, Ендру живеел во сенката на неговиот постар брат, принцот Чарлс) – пишуваат медиумите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...