Британскиот принц Хари, неговата сопруга Меган Маркл и четиримесечниот син Арчи ја почнаа десетдневната турнеја по Африка на која Хари тргнува по стапките на својата почината мајка, принцезата Дијана.
„Африка е дел од светот која во изминатите 20 години му беше втор дом“, напишал Хари на Инстаграм неколку недели воочи патувањето.
Турнејата, која почнува во Јужноафриканската Република, е прво заедничко службено патување на младото семејство.
Во текот на трите дена кои ќе ги поминат во Кејптаун, војводата и војвотката од Сасекс ќе ги посетат проектите за заштита на животната средина, а ќе се сретнат и со пензионираниот надбискуп Дезмонд Туту, познат борец против апартхејдот.
Хари потоа сам ќе отпатува во Боцвана, Ангола и Малави, каде ќе сади дрвја во резерватот на природа и ќе ги посети заболените од сида.
Емотивна кулминација се очекува во покраината Хуамбо во Ангола каде ќе го посети местото на кое во 1997 година настанала историската фотографија на принцезата Дијана на минското поле. Таму ќе го посети и ортопедскиот центар кој ќе го носи нејзиното име.
FOTO: Dejli mejl