Харисон Форд ја откри тајната за успешен брак, а неговиот совет ќе ве насмее до солзи

Ѕвездата на „Војна на ѕвездите“ и н„Индијана Џонс“ веќе 10 години е во среќен брак со Калиста (55).

785

Легендарниот актер Харисон Форд (77), кој е во брак со 22 години помладата колешка, Калиста Флокхарт, најпозната од серијата „Али Мекбил“, го дал можеби најдобриот совет за долг и среќен брак.

Ѕвездата на „Војна на ѕвездите“ и н„Индијана Џонс“ веќе 10 години е во среќен брак со Калиста (55).

Форд и неговата сопруга, 55-годишната Калиста Флокхарт се заедно се 18 години. Тоа е нешто што е навистина тешко да се види помеѓу холивудските парови.

– Не кажувајте ништо – само климнете со главата. И насмејте се – рекол Форд, пренесува „Индепендент“.

Форд и Калиста се сретнале на доделувањето на Златен глобус во 2002 година, а во брак стапиле осум години подоцна. Форд, инаку, има дозвола да управува со авион па веќе 25 години ужива во оваа активност во слободното време.

– Кога целата работа е завршена и немам ништо што ме притиска, тогаш летам – додал Форд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...