Харден постигна 57 поени, Хјустон изгуби од Мемфис

77
ФОТО: EPA-MIKE-NELSON

Џејмс Харден постигна 57 поени, но тоа не беше доволно и Хјустон загуби од Мемфис 125:126 по продолжение во драматичен судир.

Сепак, „брадата“ повторно направи нешто историско откако забележа повеќе од еден натпревар со најмалку 50 поени против ривалот во една сезона. Тој постигна повторно 57 против „гризлите“ во јануари и се нареди до Коби Брајант и Мајкл Џордан.

Бекот стигна до 50 поени по седми пат за кампањата и стана само вториот што остварил слично достигнување во 5 последователни месеци. Другиот кој го направил тоа е Вилт Чембрлен.

Најдобриот кошаркар на Хјустон ги врати „ракетите“ во игра откако неговиот тим губеше 19 поени на почетокот од последната четвртина. Серија од 17:2, во која бекот постигна 15 поени, го елиминираше поголемиот дел од заостанувањето. Три слободни фрлања го испратија натпреварот во продолжение.

Во него, Харден ги постигна сите 10 поени за својот тим, кој во последен момент стопи негатива од 117:123, за да израмни на 125:125. Сепак, прекршокот на Клинт Капела врз Јонас Валанчуас, во последната секунда, го испрати Литванецот на линијата за слободни, од каде реализираше само еднаш, со што го донесе успехот. Центарот заврши со 33 поени, а Мајк Конли постигна 35 поени за победниците.

И покрај поразот, играчите од Тексас продолжуваат да го држат третото место со скор 45-27, но нивното водство пред Портланд, Јута, Сан Антонио, Клиперс и Оклахома Сити не е големо.

Резултати од НБА

Кливленд – Милвоки 107: 102
Орландо – Њу Орлеанс 119: 96
Филаделфија – Бостон 118: 115
Њујорк – Јута 116: 137
Чикаго – Вашингтон 126: 120 по продолжение
Мемфис – Хјустон 126: 125 по продолжение
Сан Антонио – Мајами 105: 110
Оклахома Сити – Торонто 114: 123 по продолжение
Портланд – Далас 126: 118

ФОТО: EPA-MIKE-NELSON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...