Харден освои 30 поени против Феникс, Хјустон на чело на Југозападната дивизија

32
ФОТО: EPA-MIKE-NELSON

Хјустон го совлада Феникс како домаќин со 118:110 и излезе на чело на Југозападната дивизија во НБА лигата

Џејмс Харден заврши со 44 поени, 8 скока, 6 асистенции и 3 украдени топки, откако го забележа својот 27-ми последователен натпревар со повеќе од 30 поени, третата најдолга серија во лигата.

Тоа беше и 20-тиот дуел за ѕвездата на „ракетите“, со повеќе од 40 поени во текот на сезоната.

Кенет Фарид додаде 17 поени и 14 скокови за успехот на домашниот тим.

За Феникс ова е 11 последователен пораз, во кој најмногу се истакна Џо Џексон со 25 поени.

Резултати од НБА:

Детроит – Денвер 129: 103
Вашингтон – Атланта 129: 137
Бруклин – Милвоки 94: 113
Њу Орлеанс – Индијана 107: 109
Феникс – Хјустон 110: 118
Сакраменто – Сан Антонио 127: 112.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...