Кошаркарот на Хјустон рокетс, Џејмс Харден е прогласен за најкорисен играч на сезоната – МВП во анкетата на „Атлетик“. Во неа учествуваа 122 спортисти.
За Харден гласаа 44,3 отсто. Втор е Јанис Адетокунбо од Милвоки (38,9 отсто), додека третото место му припадна на Пол Џорџ од Оклахома сити со 12,7 отсто.
Харден оваа сезона настапи на 77 натпревари. Тој оствари просек од 36,1 поен по натпревар, 7,6 асистенции и 6,6 скока.
ФОТО: EPA / LARRY W. SMITH