Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнстин (67) на судот во Њујорк, на крајот на февруари, беше прогласен за виновен за стореното кривично дело над една жена и силување на друга жена вчера, а десет дена по пресудата е однесен во злогласниот њујоршки затвор „Рикерс“.
Вајнстин бил сместен во болница во Менхетен по историската жалба на 24 февруари, откако се пожали на болки во градите. Споменатата болница е најпозната како психијатриска установа, но служи и како болница за затворениците. Кога му ја стабилизирале состојбата го пренеле во болничката единица во „Рикерс“, изјави за АФП неговиот портпарол Џуда Енгелмајер.
– Отстранета му е блокадата, затнувањето – кратко изјавил неговиот портпарол.
Моќниот продуцент беше прогласена за виновен за сексуален напад врз поранешната асистентка Мими Халејџи во 2006 година и силување на поранешната актерка Џесика Ман во 2013 година.
Тој беше ослободен од две точки на обвинението за предаторски сексуален напад, за што може да добие доживотен затвор.
Движењето #MeToo против несоодветно сексуално однесување се осврна на пресудата како историска, но тимот на Вајнстин најави дека ќе поднесе жалба.
„Рикерс“ е еден од најпознатите затвори во Америка, во кој се сместени познати личности, како што се Сид Вишоус од групата „Секс пистолс“, раперот Тупак Шакур и поранешниот извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд, Доминик Штрос-Кан.
Големиот комплекс, познат по своите редовни насилни испади против затворениците и чуварите, ќе се затвори во 2026 година.