Премиерите на Косово и на Албанија, Рамуш Харадинај и Еди Рама добиваат највисоки плати во регионот во споредба со премиерите на другите земји, се наведува во извештајот на Светска банка.
Од друга страна премиерката на Србија, Ана Брнабиќ е со најниска плата во регионот. Нешто повисока плата од неа имаат премиерите на Македонија, Зоран Заев и на Црна Гора, Душко Марковиќ.
– Шефот на косовската Влада, Харадинај има највисока плата или 2.950 евра. Веднаш по него, според висината на месечната плата е неговиот албански колега Рама, со 1.700 евра. Наспроти тоа Албанија и Косово се со најниски просечни месечни плати на Балканот, кои се пониски дури петпати од премерските плати – наведуваат албанските меиуми.
Српската премиерка Брнабиќ има најниска плата во регионот, односно 1.000 евра, додека македонскиот премиер Заев има месечна плата од 1.300 евра, а претседателот на црногорската Влада, Марковиќ има месечни примања од 1.130 евра.
Просечната месечна плата во Црна Гора изнесува 751 евро, по што следуваат Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.