Косовскиот премиер Рамуш Харадинај му ја честита денеска на Стево Пендаровски победата на претседателските избори, а на граѓаните на Северна Македонија им честита за слободните и демократски избори.
Преку објава на Фејсбук, Харадинај порача дека Косово останува посветено на јакнењето на соработката со соседната земја, „за доброто на двата народа, за јакнењето на регионалната соработка и зедничката евроатлантска перспектива“
– Честитки за граѓаните на Северна Македонија за слободните и демократски претседателски избори. Во оваа прилика му честитам и на избраниот претседател, Стево Пендаровски. Косово е секогаш подготвено за јакнење на соработката и унапредување на добрите односи со Северна Македонија, за доброто на двата наши народи, за јакнењето на регионалната соработка и зедничката евроатлантска перспектива – напиша Харадинај.