Хаос на Халкидики – Ситонија под вода, евакуирани туристи (ВИДЕО)

Во Никити на Ситонија поплавени се патиштата што предизвика проблеми во сообраќајот. Реката Агиос Николаос се излеа од коритото.

2693

По поројните дождови повеќе делови од Грција се поплавени. На Халкидики најмногу проблеми има на Ситонија, каде се поплавени куќи и други објекти, јавуваат медиумите.

Во Никити на Ситонија поплавени се патиштата што предизвика проблеми во сообраќајот. Реката Агиос Николаос се излеа од коритото.

Евакуирани се гости од неколку хотели додека десетина автомобили се оштетени.

Поради поплавата на Ситонија евакуирани се гостите од хотелот „Аша Марис“ кај местото Пиргадикиа. Гостите се префрлени во хотелот „Александрос“ и сите се добро. Автомобилите претрпеле материјална штета.

Во делот на Ситонија кај Неос Мармарас нема големи последици од поројните дождови.

На фотографиите кои ги објавимонахот Доситеј се гледаат слапови вода кои паѓаат од ѕидовите на Хиландар.

Невремето ја погоди и областа Тесалија каде се поплавени 50-на куќи додека неколку патишта се под вода.

Поплавите ја погодија и Лариса. Заменикот градоначалник Василис Лециос изјави дека во областа има голем број оштетени улици и патишта.

Голем дел од плажите на грчкиот остров Евија се под вода, јави грчката државна телевизија.

Во Никити на Халкидики, поради невремето и поплавата еден автомобил заврши во морето, за среќа, без да бидат повредени двајцата патници.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, особено сериозна е ситуацијата во Мандра во западниот дел на областа Атика во поширокиот регион на Атина, каде што во ноември минатата година во поплавите, животот го загубија над 20 лица. Противпожарната служба интервенираше за да спаси граѓани заглавени во нивните автомобили, но и на нивните тераси.

Стариот автопат Атина-Коринт од вчера е затворен за сообраќај.

Со оглед на тоа дека засега запреа врнежите од дожд, се очекува дека ќе се стабилизира ситуацијата.

Severe floods in Sithonia Halkidiki, Greece – June 26, 2018

Severe floods in Sithonia Halkidiki, Greece right now (June 26, 2018)Thank for report Aris Kosmas

Posted by Cyclone Of Rhodes on Вторник, 26 јуни 2018

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...