Израелските војници во демонстрациите организирани на границата на Газа убиле најмалку 52 Палестинци, а раниле повеќе од 2.400 лица.
Судирите избиле само неколку часа пред отворањето на Американската амбасада во Ерусалим, на што се спротивставуваат Палестинците.
Илјадници Палестинци се собрале на повеќе пунктови околу границата. Групи демонстранти се обиделе да се приближат на границата, гаѓајќи ги израелските војници со камења, по што израелските војници отвориле оган, пренесува Дневни Аваз.