Авион со американски војници се запалил денеска на ирскиот аеродром Шенон, токму пред да полета. Поради ова, биле запрени сите летови на аеродромот.
Сите патници и членови на екипажот излегле и итните служби биле повикани на лице место. Во инцидентот нема повреди, пренесува Ројтерс.
Управата на аеродромот објавила на Твитер дека операции се привремено суспендирани по инцидент со авионот Боинг 767-300.
Се работело на отстранување на авионот од пистата.
Flights temporarily suspended at Shannon Airport after plane carrying US troops forced to carry out emergency landing https://t.co/i4BKfeKEus pic.twitter.com/nKYtw2BRxt
— Independent.ie (@Independent_ie) August 15, 2019