Хан: Ја поздравив посветеноста на Мицкоски да не го кочи процесот во Собранието

Остварив средба со комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан. Посочив дека членството на Република Македонија во ЕУ претставува стратешки интерес за ВМРО-ДПМНЕ. Го информирав еврокомесарот Хан и за политичкиот прогон и злоупотребата на правосудството против ВМРО-ДПМНЕ, напиша Мицкоски на Фејсбук.

1027

На маргините на политичкото Собрание на Европската народна партија (ЕПП), претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски остварил средба со еврокомесарот Јоханес Хан.

Хан на твитер мрежатa објави дека имал корисни разговори со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Бев кристално јасен дека ратификацијата на Договорот од Преспа мора да се финализира брзо и без никакви пречки. Ја поздравив неговата заложба да не го опструира процесот во Собранието. На ЕУ интеграции и е потребна конструктивна опозиција“, ќе заклучи Хан.

Мицкоски по средбата, на Фејсбук напиша:

„Остварив средба со комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан. Посочив дека членството на Република Македонија во ЕУ претставува стратешки интерес за ВМРО-ДПМНЕ. Го информирав еврокомесарот Хан и за политичкиот прогон и злоупотребата на правосудството против ВМРО-ДПМНЕ“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...