Хан: Фон дер Лејен ја потврди европската перспектива на Западен Балкан

277
ФОТО: EPA-KOCA-SULEJMANOVIC

Комесарот за пристапни преговори Јоханес Хан и честита на Урсула фон дер Лејен за изборот за нова претседателка на Европската комисија, изразувајќи и задоволство поради фактот што таа ја потврди европската перспектива на Западен Балкан.

Јоханес Хан оцени дека нејзината агенда за Европа е амбициозна и оти ги опфаќа сите клучни приоритети неопходни за јакнење и единство на ЕУ.

„Особено сум задоволен поради нејзиното инсистирање на ЕУ како посилен глобален играч вклучувајќи ја и потврдата за европската перспектива за Западен Балкан“, напиша Хан на Твитер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...