Сега фокусирајте се на имплементацијата на реформите, вие можете да бидете модел за регионот, порача еврокомесарот Јоханес Хан утрово на заедничка прес конференција со премиерот Зоран Заев во Скопје, кому му го предаде Извештајот со чиста препорака за почеток на преговори со ЕУ.
– Останува уште многу да се направи и искрено им честитам на владата и на опозицијата кои беа многу сериозни во поддржувањето на оваа национална цел. Големо е задоволството што сум повторно во Скопје и што лично ќе ги најавам долгоочекуваните добри вести. Со оваа препорака сите земји членки ги признаа вашите напори за реформи. Сега сте цврсто назад на европскиот пат. Мислам дека добро почнавте и важно е да се одржи ова. Очекувам целосно и конструктивно учество од опозицијата во реформите – рече Хан.