Хан: Пристапните преговори ќе траат подолго од претходно

483

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан во интервју за австрискиот дневен весник „Тиролер тагесцајтунг“ изјави дека пристапните преговори во иднина ќе траат подолго од претходно.

– Квалитетот пред брзината – посочи Хан, додавајќи оти членството на Унгарија и на Романија „многу нешта покажале“.

Тој посочи дека ЕУ извлече поука од досегашните пристапни процеси.

– Процесите кои ги поттикнуваме на Западен Балкан би требало да добијат многу поголемо ниво неповратност кога станува збор за воспоставување на владеење на правото и борба против корупцијата – наведе Хан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...