Хан погрешно разбран: Реков за неколку недели, а не за две недели

353

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, порача дека неговата изјава дека спорот за името може да се реши за две недели била погрешно разбрана.

– Тоа беше грешка, има и снимка. Јас реков дека имам верба дека за неколку недели (a couple of weeks) може да се најде решение, а не за две недели (two weeks). Тоа значи дека сметам дека во блиска иднина е можно решение за спорот за името – изјави Хан.

Хан повтори дека по препорака на Европската комисија за старт на преговори „најважно сега е да се најде решение за спорот за името“ за земјите членки да ја одобрат оваа препорака.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...