Хан на 25 јули во Скопје ќе се сретне со Заев, Пендаровски и со Мицкоски

179
ФОТО: EPA/OLIVIER HOSLET
Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на 25 јули ќе допатува во Скопје и ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, претседателот Стево Пендаровски и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потврдија од Европската комисија за МИА.

Агендата на посетата сѐ уште не е позната, но засега потврдени се овие три средби на кои ќе се разговара за реформите поврзани со ЕУ и ЕУ перспективата на земјата, велат од ЕК.

Хан од Скопје истиот ден ќе замине за Белград каде треба да се сретне со претседателот и со премиерот. На агендата во Србија се ЕУ реформите и регионалните прашања, соопштија од Европската комисија.

ФОТО: EPA/OLIVIER HOSLET

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...