Се е во рацете на македонските граѓани, тие треба да изберат – или изолација, од која едвај ја извлековме Македонија, или интеграција во Европската унија и повисок стандард.
Ова го порача еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на маргините на неформалниот состанок на премиерите на Западен Балкан што се одржа во Драч, на кој од очекуваните шестмина, се појавија тројца премиери, меѓу кои и домаќинот Еди Рама. Но Хан не даде прецизен одговор дали има алтернатива доколку нде успее претстојниот референдум во Скопје, јави Телма.
Со него се согласиле сите присутни премиери, црногорскиот Душан Марковиќ вели дека во регионот се зајаканал политичкиот дијалог, но и довербата, а најдобар пример за тоа е токму потпишаниот договор меѓу Македонија и Грција.
Иако најавен, премиерот Зоран Заев не дојде во Драч, од Владата велат, надлежните служби, по стручната и безбедносната проценка на временската прогноза, донеле одлука да се откаже специјалниот лет за Тирана на владиниот авион. Но премиерот, децидни се, целосно го поддржува она што беше главна идеја водилка на состанокот, поголема соработка на земјите од регионот, што ќе води до регионална економска област.