Хан: Иванов има одговорност и треба да е свесен за тоа

1071

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан во интервју за МИА го повикува претседателот Ѓорге Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција.

– Не е соодветно за претседател на држава, да одбие да разговара со премиер, со министер за надворешни, за да добие информации од прва рака. Мислам дека премиерот и министерот за надворешни целосно ги почитуваа уставните насоки и можам само да го повикам итно претседателот да преземе одговорност. Ова не е прашање на прифаќање, но во демократија може да очекуваме да се слушаат луѓето меѓусебно и да дискутираат и не треба да се заборави дека шеф на држава е на некој начин модел за многу луѓе во една земја. Претседателот како директно избран има специјална позиција и одговорност и треба да е свесен за тоа, инаку и наштетува на функцијата – вели меѓу другото Хан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...