Европскиот комесар за проширување и добрососедски односи, Јоханес Хан денеска на „Твитер“ напиша дека е време да се финализира историскиот проект за обединување на Европа и интеграција на Западен Балкан.
„Оваа визија се оствари и време е да гледаме напред и да го финализираме историскиот проект за обединување на Европа и интеграција на Западен Балкан. Сигурен сум дека со заеднички напори тоа ќе биде успешна приказна за двете страни. Заедно сме посилни“, напиша Хан на „Твитер“ по повод одбележувањето на 15-годишнината од приемот во ЕУ на 10 земји од средна и источна Европа.
Според него, тоа е амбициозен проект заснован на заеднички напори и визија да се обезбедат мирот, просперитетот и безбедноста за сите граѓани во Европската Унија.
Photo: EPA / KOCA SULEJMANOVIC