Хандке и злосторствата на Балканот

Викендов против изборот на Хандке за Нобелов лауреат протестираше и Министерството за одбрана на Турција. Претходно се слушнаа и жестоки реакции од страна на организацијата „Мајки од Сребреница“, а меѓу другите протестираше и американскиот ПЕН Центар нагласувајќи дека се зачудени и „занемеле“ бидејќи Хандке го исползувал своето место во јавноста за „премолчи историски вистини“.

1084

Во протест против поддршката на Петер Хандке на политиката на Слободан Милошевиќ, амбасадорите на Косово и Албанија на Нобеловиот ден, 10 декември, нема да присуствуваат на церемонијата на врачување на Нобеловата награда во Стокхолм на познатиот австриски писател. Вообичаено, на церемонијата се поканува целиот дипломатски кор во шведската престолнина.

Протестите против Хандке и одлуката на Шведската академија да му ја додели Нобелова награда не престануваат. Литературата станува жртва на политиката, или можеби обратно. Дилемата добива на тежина. Конфликтот околу најзначајната литературна награда, според многумина, само уште повеќе ја разниша довербата во Академијата, бидејќи наградата за Хандке е дочекана како контроверзна поради неговите дубиозни ставови во однос на воените злосторства на Балканот.

Викендов против изборот на Хандке за Нобелов лауреат протестираше и Министерството за одбрана на Турција. Претходно се слушнаа и жестоки реакции од страна на организацијата „Мајки од Сребреница“, а меѓу другите протестираше и американскиот ПЕН Центар нагласувајќи дека се зачудени и „занемеле“ бидејќи Хандке го исползувал своето место во јавноста за „премолчи историски вистини“.

Соочен со интензивни и остри критики самиот Хандке во неколку наврати се обиде да ги објасни своите гледишта во однос на обвинувањата дека давал поддршка на српскиот национализам во балканските војни. На пресконференцијата деновиве по пристигнувањето во Стокхолм резигнирано им возврати на новинарите дека нема да дава одговори на „празни прашања“, а претходно дури и се закани дека ќе ги прекине сите контакти со медиумите.

Сепак, во ексклузивното интервју за Шведската телевизија, ја коментираше обемната критика против него. И во оваа пригода Хандке децидно ги отфрли обвинувањата дека ги негирал масовните убиства на 8.000 босански Муслимани во Сребреница, нагласувајќи дека попрво би го употребил зборот „братоубиство“, а не геноцид. „За мене братоубиство е многу полошо. Тоа е мој збор како писател. Не можам да користам зборови како „правна“ личност, не сум судија“.

Хандке се повикува на цитат од негов пријател, дека: „Во оваа војна сите оделе на трње“. Според критичарите, да се гледа на тоа што се случило во Сребреница токму во таков контекст, како на дел од граѓанска војна, е нешто што го релативизира геноцидот.

Но Хандке смета дека релативизирањето не значи дека нешто се ослабнува. „Да се тргне од апсолутното и да се стави едно нешто во релација на нешто друго, смета Хандке, понекогаш може да биде мошне поживо. Неправдата така станува мошне многу посфатлива“. Да се релативизира, според негово мислење, не е да се негира

Според постојаниот секретар на Шведската академија, Матс Малм, нема основ да се смета дека Хандке во своето литературно творештво подржува воени злосторства и геноцид, или дека на некој начин оправдува крвопролевање. Но едновремено, многумина во острата дебата околу Нобеловата награда и Хандке се обидуваат да го наметнат и класичното прашање: Зошто е писателот често изгубен во полтиката?

Петер Хандке всушност не е првиот писател од недискутабилен формат, чии политички сфаќања се опсоруваат. Уште еден пример на Нобеловец, англискиот драмски писател Харолд Пинтер беше напаѓан поради неговата емпатија за политиките на Милошевиќ.

Но во некои коментари се оди дури и до чудни споредби со уште еден Нобеловец, Кнут Хамсон, добитник на наградата во 1920 година. На 7 мај 1945 година Хамсун објавил краток некролог за Адолф Хитлер на насловната страница на норвешкиот весник „Афтенпостен“: „Тој беше воин, воин за човештвото и апостол на евангелието за правата на сите нации“. Некролог кој секако може да се смета за криминален кич. Но сепак Кнут Хамсун бил и останал најзаначаен норвешки писател на 20-тиот век.

Можеби најмалку политички коректно што еден писател го направил по Хамсуновиот некролог за Хитлер, како што некои сметаат, е говорот на Хандке на погребот на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ.

Но сега не се неговите политички ставови кои се наградени, туку литературата на еден од најзначајните стилисти на денешницата, со романи како „Мигот на вистинското чувство“, „Голмановиот страв од пеналот“ или „Приказна за еден живот“. Неговата истражувачка потрга и спорото набљудување може да се сфатат како чин на отпор и противење во еден свет во кој животното темпо е забрзано до излудувачки ритам.

Европа се наоѓа во турболентно време во кое Хандке се обидува да најде патишта кон душата и историјата на ранливиот континент. Оттаму и бројните потестувања во медиумите за неговите политички сфаќања и толкувања на воените конфликти на Балкнот од поновата историја, кои повторно ги актуелизираа недоразбирањата и исклучивоста на балканските национализми.

„ Злосторствата никогаш не смеат да се зборават, да се подвлече линија, нити да се релативизираат“, рече Ангела Меркел деновиве кога го посети поранешниот концентрационен логор на Третиот рајх во Аушвиц, и истакна дека тоа што се случило во Аушвиц човечкиот ум не може да го разбере.

Потсетувањето на злосторствата подразбира голема одговорност, која никогаш не треба да престане, но прашање е дали сега или во догледна иднина, според примерот на германската канцеларка и нејзиниот говор во Аушвиц, би можело да се очекува посета и потсетување на масовните злосторства во Јасеновац од страна на некој хрватски лидер, или пак во Сребреница од страна некој српски лидер.

Што се однесува до Петер Хандке, тој релативизирањето не го смета за свесно негирање, туку верува дека може да се согледа и од аспект на засилување, а не превосходно како редуцирање и ослабнување на фактите и историските вистини.

А во еден поширок контекст на потсетувањата за катастрофите на подрачјето на поранешна Југославија, често се укажува дека национализмите на Балканот сè уште се шират како концентрични бранови од трагичните конфликти, масовните страдања и прогодни во 1990-те годни.

Најновото потсетување беше актуелезирано по одбивањето на францускиот претседател Макрон да даде зелено светло за почеток на преговорите за членство во ЕУ на Македонија и Албанија, кое многумина го нарекоа „историска грешка“. Тоа е секако отвори можности з за заземање поистурени позиции од страна на радикалните струи, кои знаат да го користат мигот на обесхрабрување на силите кои во мултинационалната заедница и меѓународната соработка каква што е ЕУ гледаат и најсигурна заштитна брана против националистичките бранувања што го заплиснуваат овој дел на Европа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...