Хамилтон: Сѐ уште можам да напредувам, а тоа не е крај на мојата кариера

Тој вели дека сака да живее целосен живот, а екстремен спорт е начин да го задржи ум во добра форма.

175

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон кажа кога ќе биде подготвен да ја заврши кариерата.

– Најдоброто нешто во врска со трките е тоа што секогаш можеш да се подобриш. Ако сфатам дека повеќе не напредувам како тркач, ќе ја завршам мојата кариера. Но, ако веќе сте на врвот, има многу малку простор за подобрување. 2018 година беше врвот на мојата кариера. Во новата сезона треба да останам на исто ниво и да најдам некои детали во кои сѐ уште можам да напредувам – изјави Хамилтон за „Газета“.

Тој вели дека сака да живее целосен живот, а екстремен спорт е начин да го задржи ум во добра форма.

– Покрај тоа, секогаш можете да научите нешто ново и, можеби, дури и да го пренесете ова знаење во вашата дисциплина. Ќе можам ли да го надминам Михаел Шумахер? Ако продолжам да работам на исто ниво уште пет години, најверојатно, да, но ова не е моја цел, јас не размислувам за тоа – вели Британецот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...