Луис Хамилтон изјави дека пилотите не треба да биде обвинувани за здодевните Ф1 трки, бидејќи проблемот е вкоренет во лошите одлуки на луѓето кои ги прават правилата во текот на годините. Возачот на Мерцедес ја освои својата шеста победа од почетокот на сезоната, а трката во Франција можеби беше најсилна за Мерцедес од почетокот на 2019 година.
Битките на „Пол Рикард“ беа малку и претежно за позиции во средината на колоната. По завршувањето на трката, главните теми беа и ситуацијата во новата ера на Формула 1.
– Не посочувајте со прст кон пилотите, бидејќи тие не ги пишуваат правилата, ние немаме никаква врска со нив, буџети и сето тоа. Треба да извршиме притисок врз луѓето кои се на чело. Ова е постојан затворен круг кој веќе долго време е во Формула 1 поради Берни Еклстоун, чии одлуки се уште ја повредуваат Формула 1. Додека управувачката структура не се менува, сè ќе биде исто според мое мислење. Но тоа не е моја работа. Јас се обидувам да го дадам најдоброто како пилот, изјави Британецот.