Хамилтон: Не очекува тешка битка, Ферари се доста напред

129
ФОТО: EPA/ VALDRIN XHEMAJ

Луис Хамилтон е подготвен за „најтешката битка досега“, признавајќи дека Ферари го има најдобриот болид во предсезонските тестови.

Петкратниот светски шампион смета дека неговото заостанување зад Ферари е „потенцијално половина секунда“. Сепак, Хамилтон го заврши последниот ден од тестовите со едвај 0,003 секунди заостанување од лидерот Себастијан Фетел.

– Минатата година имаше многу случаи во кои ние како тим бевме назад во однос на претставувањето, но се справивме. Сепак, минатата година не бевме толку назад – вели Британецот.

Во 2018-та Хамилтон искористи серија грешки на Ферари и особено на Себастијан Фетел, за да стигне до уште една титула.

– Минатата година тие пристигнаа со добар автомобил, но оваа година тие се уште подобри. OK е. Немаме проблеми со предизвикот, тоа значи дека треба да работиме поцврсто. Не сум загрижен, разочаран или нешто слично. Треба да го искачиме ридот, но знаеме како да го направиме тоа – заврши пилотот на „сребрените стрели“.

ФОТО: EPA/ VALDRIN XHEMAJ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...