Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон, го искажа својот став кон Ферари и можниот трансфер во италијанскиот тим.
– За многу пилоти, влегувањето во Ферари е сон, но не и за мене. Бидејќи 13 години сум во Мерцедес, не сакам да го сменам тимот. Мислам дека не постои шанса за мој трансфер. Ни требаа шест години да го претвориме Мерцедес во тим што победува. Невозможно е да се остави тоа туку така – нагласи Хамилтон.
Британецот кој е актуелен светски шампион вчера победи на трката во Сочи за ГН на Русија и со 322 бода е убедливо прв во генералниот поредок кај возачите.
FOTO: EPA-RONALD-WITTEK