Пилотот на Мерцедесот, Луис Хамилтон беше задоволен од неговата борба со Макс Верстапен од Ред Бул последната трка од шампионатот во Формула 1 возена пред два дена во Унгарија. Хамилтон победи пред Холанѓанецот, најмногу по заслуга на тимската тактика.
– Нема подобро чувство од таквата борба со навистина силен конкурент, со толку брилијантен тркач како Макс. Верстапен е во својата најдобра форма и вози одлично. Се боревме со него величествено, одржувајќи взаемно почитување. Се надевам дека и натаму ќе биде така. Кога дојдов на второто место, мислев дека сега ќе започне самата битка со Макс за која зборувавме. И беше навистина неверојатно. Тој правилно го позиционираше автомобилот на траекторијата. Можеби, во друга ситуација, борбата меѓу нас би била поагресивна, но овој пат немаше таква потреба. Сакавме чиста борба. Имавме добра битка со Ред Бул. Се чини дека ова ќе продолжи – изјави Хамилтон.
Светскиот шампион очекува во некоја од следните трки, како што се „Спа“ и „Монца“ и Ферари да се вклучи во борбата за највисок пласман на подиумот.
ФОТО: EPA/ VALDRIN XHEMAJ