Иранскиот врховен верски лидер Ајатолахот Али Хаменеи денека ги нарече американските функционери „првокласни идиоти“.
Денешниот коментар на Хаменеи беше исклучително остар и ги одразува пошироките тензии меѓу Иран и Вашингтон откако американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од нуклеарниот договор со Техеран, коментираат светските агенции.
Хаменеи исто така рече дека еден американски функционер во некоја пригода „предвидел“ дека ќе го прослави Божиќ во Иран, што верскиот лидер го прокоментира со зборовите: „Некои американски функционери се преправаат дека се луди. Се разбира дека не се согласувам со тоа, но тие се првокласни идиоти“.
ФОТО: МИА