Хали Бери на снимање филм скрши неколку ребра ВИДЕО

Бери сподели со своите обожаватели дека сè уште не знае во кој момент настанала кобната повреда бидејќи продолжила со снимање и покрај болките.

891

Американската актерка Хали Бери открила дека за време на снимањето на една сцена во новото продолжение на филмот „Џон Вик: Глава 3 – Парабелум“ (John Wick: Chapter 3 – Parabellum), скршила три ребра, пишува британскиот портал „Филм њуз“.

Бери сподели со своите обожаватели дека сè уште не знае во кој момент настанала кобната повреда бидејќи продолжила со снимање и покрај болките. Таа изјави дека сериозно ја сфаќа својата работа и како вистински професионалец ја игнорирала болката бидејќи во мислите имала само едно: „Да го доврши снимањето“.

Најголема мотивација ѝ давал колегата Кијану Ривс (54). Таа цело време размислувала дека повредата може да ја спречи да застане рамо до рамо со него.

„Тоа најмногу ме тераше. Не сакав да ги разочарам моите колеги“, откри Хали.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...