Во рамки на фестивалот „Summerland” во Градски парк, денеска и утре ќе се одржат неколку настани и музички перформанси.
Денеска во текот на денот е предвидена детска програма. Од 17 часот влезот во Зоолошка градина во Скопје ќе биде бесплатен за сите, а од 18 часот посетителите ќе имаат уникатна можност да ја погледнат претставата „Хакуна Матата во Зоо Парк“, возејќи се на вовче. Вечерта од 22 часот на Школка настапува сараевскиот бенд „Црвена јабука“.
Утревечер од 19 часот децата ќе имаат можност да се забавуваат со ДКЦ „Карпош“ и интерактивната боенка „ЗОО Азбука“, да јаваат пони коњчиња и да учат за светот на рептилите со Војо Иванов. Од 21 часот на главната сцена ќе настапи рокенрол бендот „Културно уметнички работници“.