Ф1 тимот Хас им ги продолжи договорите на Магнусен и Грожан

Магнусен со 49 бодови е на деветта позиција во Генералниот поредок, додека Роман Грожан во моментов го зазема 14. место со 27 бода.

57

Шефот на Хас, Гинтер Штајнер во пресрет на денешната тренинг сесија во Русија, соопшти дека пилотите Кевин Магнусен и Роман Грожан остануваат и следната сезона.

– Имаме потреба од сигурни, искусни пилоти да го развиеме болидот и тимот. Оваа сезона имаме драстичен напредок во споредба со минатата година. Одлуката да ги задржиме Грожан и Магнусен беше лесна – изјави Штајнер.

Магнусен со 49 бодови е на деветта позиција во Генералниот поредок, додека Роман Грожан во моментов го зазема 14. место со 27 бода.

Следната сезона за Грожан ќе биде четврта во тимот на Хас, а за Магнусен трета.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...