Фјури со 27 победи во 27 борби

260

Поранешниот светски шампион во тешка категорија во професионалниот бокс, Тајсон Фјури продолжува со својата победничка серија на рингот. Тој го освои својот втор натпревар по враќањето, а неговата „жртва“ беше Италијанецот Франческо Пијанета.

Двајцата одржаа борба во Виндзор Парк во Белфаст, која на крајот ја освои Британецот по одлука на судијата. Арбитратот му го доделил успехот по 100:90 во негова корист.

Средбата во главниот град на Северна Ирска не понуди специјален спектакл на публиката, која очекуваше многу повеќе од нив. Италијанецот воопшто не му отежни на „циганскиот крал“, откако имаше индикации за желба за успех од негова страна само во почетокот, но тоа не се покажа решавачко за исходот на дуелот.

Па така Фјури продолжува со неговиот совршен рекорд на професионалниот ринг и сè уште нема пораз во неговите 27 битки. Средбата со Пијанета беше само втора по неговото враќање во боксот во јуни, кога го победи Албанецот Сефер Сефери.

Следниот натпревар ќе биде поважен за поранешниот светски шампион. Тој ќе биде против еден од големите фаворити во тешка категорија Дионтеј Вајлдер, а претстојниот судир беше потврден од менаџерите на двајцата.

Сепак, сè уште нема детали за датумот или локацијата на судирот. Најоптимистичка опција е двајцат да се соочат едни со други до крајот на оваа година.

Фото: EPA/ANDY RAIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...