ФФМ: 50 илјади евра за фудбалерите за третото место во квалификациите за ЕП 2020

79

Управниот одбор на ФФМ денеска донесе одлука за исплата на премија од 50.000 илјади евра како парична награда за фудбалерите и стручниот штаб во А репрезентацијата за настапот на македонската А селекција во квалификациите за ЕП 2020.

У.О. донесе и одлука натпреварот С. Македонија – Косово од полуфиналето во Лигата на Нациите да се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Плеј-оф натпреварот меѓу македонската А репрезентација и селекцијата на Косово се игра на 26. март 2020 година.

Со официјален допис, ФФМ ќе ја извести и УЕФА за местото на одигрување на натпреварот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...