Футсал репрезентативците на Македонија ја победија Грција

259
 Футсал репрезентацијата на Македонија вечерва во „Јане Сандански“ ја совладаа селекцијата на Грција со 5:3 (3:0) во првиот дуел од претквалификациите за пласман во елитната рунда квалификации за СП.

Стрелци на головите за „црвено-жолтите“ беа Зибери, Андов и Левески и два на Крстевски. Ставракопулос и Тарлас со два гола беа прецизни за гостите.

Македонија имаше сигурно водство од 3:0, но потоа дозволи Грците да израмнат (3-3). На две минути до крајот сепак Крстевски прво донесе водство за Македонија, а потоа пред самиот крај го постави конечниот резултат 5-3.

Претходно денеска во нашата група, Албанците беа подобри од Сан Марино со убедливи 5:0.

Македонија по мечот со Грција, ја чека пресметката со Сан Марино утревечер, а против Албанија дуелот е во недела од 20 часот. Со победа во утрешниот меч со аутсајдерот Сан Марино ќе осигураме пласман на едно од првите две места на табелата, кои значат прескокнување на претквалификациите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...