Фустанот на принцезата Дајана од славниот танц со Траволта се продава за 400.000 долари

631

Темносиниот кадифен фустан кој британската принцеза Дајана го носела кога танцувала со актерот Џон Траволта во Белата куќа, повторно ќе биде изложена на аукција на 9 декември, објави лондонската аукциска куќа „Кери Тејлор“.

Леди Ди носеше долг кадифен темносин фустан со големо деколте дизајниран од Виктор Еделштајн за време на посетата на Соединетите Држави во 1985 година на свечената вечера што ја приреди тогашниот претседател Роналд Реган во чест на кралската двојка.

Фустанот го привлече вниманието на јавноста кога покојната принцеза танцуваше во него на подиумот на Белата куќа со холивудската ѕвезда Џон Траволта. Фустанот веќе беше продаден на аукција во 2013 година на анонимен понудувач кој го купил како изненадување за неговата сопруга.

Сопственичката на аукциската куќа тврди дека принцезата Дајана пред да отпатува во Соединетите Држави изразила желба да танцува со славниот актер.

Се проценува дека фустанот ќе се продаде помеѓу 324.000 и 454.000 долари, јавува АФП.

Фустанот кој го дизајнираше Еделстајн беше дел од колекцијата на облека која Дајана лично го продала на аукција во хуманитарни цели во јуни 1997 година, само неколку недели пред трагично да загине во сообраќајната несреќа во Париз.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...