На погрешно место, во погрешно време. Ова е коментарот на висок функционер на ДУИ за Плусинфо, за вечерашната престрелка помеѓу двајца членови на партијата, која се случи во Мала Речица, при што едно лице загина, а другото е повредено.
Функционерот ни потврди дека убиениот е Наип Реџепи и дека престрелката била помеѓу две спротивни крила на ДУИ во Куманово. Тој брифира дека станува збор за ривалски групи во кумановската филијала на партијата и дека престрелката била и поради политички, но и семејни недоразбирања меѓу сега убиениот и повредениот член.
Функционерот потврди и дека лицата биле до седиштето на ДУИ во Мала Речица, но негира дека биле во објектот. Тој за Плусинфо вели дека најверојатно биле дојдени како придружба на пртиски функционери, бидејќи попладнево во седиштето имало состаноци со функционери на ДУИ, меѓу кои и од Куманово.