Функционерите возат шкоди, а сакаат и мерцедеси

Базата открива дека министерствата и општините поседуваат 2.645 автомобили, од кои 2.008 се со набавна вредност од 33 милиони евра, додека за 637 патнички возила институциите немаат или не доставиле податоци за набавната вредност.

438

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави базата на податоци за сите автомобили на Владата и општините. Оваа база содржи 15.870 поединечни податоци за возилата на сите министерства и општини: марка и модел на возилото, кога е произведено, кога е набавено и набавната вредност. Базата открива дека министерствата и општините поседуваат 2.645 автомобили, од кои 2.008 се со набавна вредност од 33 милиони евра, додека за 637 патнички возила институциите немаат или не доставиле податоци за набавната вредност. Министерствата имаат 2.215 возила вредни 27,2 милиони евра, додека општините имаат 430 возила во вредност од 5,7 милиони евра.

-И централната и локалната власт најмногу возат Шкоди, Фолксваген и Форд. Сепак, сите пет најскапи возила се Мерцедеси купени од министерствата за внатрешни работи (572.780 евра), за надворешни работи (81.301 евра) и за финансии (76.768 евра), како и општините Свети Николе (77.839 евра) и Кавадарци (70.075 евра)-се наведува во соопштението.

Центарот за граѓански комуникации ги обезбедил изворните податоци преку барања за пристап до јавни информации доставени до 97 институции.

-Беа потребни повеќе од три месеци само да се приберат информациите што говори за ниското ниво на отчетност и воопшто на прецизна евиденција за имотот со којшто се располага. Обработените податоци се направени достапни во отворен формат за натамошна употреба. Оваа база на податоци е дел од предвидените десет истражувања и бази на податоци за трошењето на јавните пари кои ќе се реализираат во рамките на проектот Јавно трошење за јавно добро, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на проектот што го спроведува ЦГК е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста-се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...