Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со даунов синдром, Дневен центар „Доза Среќа“ денеска и утре организира Меѓународен натпревар во футсал и адаптивно пливање.
Учество ќе земат атлети од шест држави. Фудбалските натпревари ќе се играат денеска, а натпреварите во адаптивно пливање ќе започнат утре во 12 часот во СРЦ „Борис Трајковски“.