Фудбалската Асоцијација го поштеди Салах

Ливерпул и Стоук одиграа 0:0 во Премиер Лигата во саботата, а судијата Маринер не го забележа дуелот меѓу Салах и Инди.

177

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах нема да биде казнет поради наводниот обид да го удри фудбалерот на Стоук, Бруно Мартинс Инди, соопштија од Фудбалската асоцијација на Англија.

Ливерпул и Стоук одиграа 0:0 во Премиер Лигата во саботата, а судијата Маринер не го забележа дуелот меѓу Салах и Инди.

Египќанецот направи потег, кој на видеото изгледаше како обид за удар кон дефанзивецот на „грнчарите“, а поради анализа на овој момент, специјален тим на ФА се состана за можното подоцнежно казнување на напаѓачот на „црвените“.

Тричлена комисија на ФА, составена од поранешни судии, по прегледот на снимката откри дека немало спорни ситуации и дека нема основа за да се казни Салах.

Ако комисијата одлучеше поинаку, најдобриот стрелец на Премиер Лигата (31 погодок) можеше да биде суспендиран за три натпревари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...