Фудбалот е голем бизнис- Мундијалот 2018 ќе ѝ донесе на ФИФА рекордни 6,1 милијарди долари

Суматаизнесува 1,3 милијарди повеќе отколку што се заработи на Светското првенство 2014, објави „Њујорк тајмс“.

77
ФОТО: EPA/PATRICK B. KRAEMER

Одржувањето на Светското првенство во 2018 година ќе ѝ донесе на ФИФА 6,1 милијарди долари, што е за 10 отсто повеќе од предвиденото.

Исто така, оваа сума изнесува 1,3 милијарди повеќе отколку што се заработи на Светското првенство 2014, објави „Њујорк тајмс“.

Приходите од продажба на права на емитување се зголемени за два проценти.

Исто така, Светската фудбалска федерација ќе добие 200 милиони долари повеќе од очекуваното со спонзорски договори. Ова стана можно поради проширувањето на соработката со кинеските компании. Седум од 20 компании кои го спонзорираат турнирот ја претставуваат Кина. Во 2014 година, имаше само една компанија од Кина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...