Жртвата му дозволила на убиецот, инаку син на поранешен полицаец, да преспие во нејзиниот стан откако и кажал дека е премногу пијан и издрогиран за да оди дома кај родителите.
Британската полиција објавила снимка од надзорните камери на кои се гледаат последните моменти од животот на Меган Њутон, која била брутално силувана и убиена.
На снимката се гледа како Меган (18) се смее со фудбалерот Џозеф Тревор (19), пред да го покани во својот стан.
Медиумите пренесуваат дека Меган му дозволила на Тревор, инаку син на поранешен полицаец, да преспие во нејзиниот стан откако ѝ рекол дека е премногу пијан и дрогиран за да оди во куќата на неговите родители.
На снимката се гледа како Тревор влегува по девојката во станот во 3:45 минути на 20 април минатата година, пред да ја силува, задави и избоде девет пати.
Камерите забележале дека Меган несвесно пуштила силувачот и убиец во свој стан, а неколку часа подоцна била пронајдена мртва, пишува „Дејли мејл“.
По бруталното убиство Тревор голото и унакажено тело на Меган го оставил на креветот, а потоа бил снимен како два часа подоцна излегува до станот и мирно го фрла клучот од влезната врата во парк во градот Њукасл.
На друга снимка се гледа како Тревор оди по улицата со крвави раце.
Тревор и Меган биле пријатели уште во училиште, а момчето е осудено на доживотен затвор откако ја признало вината за силување и убиство.
Видетото можете да го погледнете тука.
ФОТО: ПА