Македонската женска фудбалска репрезентација утре против Казахстан ќе ја бара првата победа во квалификациите за Европското првенство 2021 година. Селекторот Кирил Изов се надева на добра игра и позитивен резултат од утрешниот дуел.
– Ова е нашата прилика за прва победа во квалификациската група. Добро ги минавме подготовките, тимот е комплетен и силно веруваме во успех на утрешниот натпревар. Одигравме сосема добро и на воведниот дуел со Австрија во Виена, а тоа ни дава за право да веруваме во добар резултат. Комплетни сме и мотивирани за победа, изјави Изов за веб-страницата на ФФМ.
Натпреварот се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ од 15 часот.