Фудбалерите на Реал под притисок, никој не знае кој ќе се прости со тимот

Знам кои играчи не сакам да заминат. А во однос на новите – ќе зборувам за ова со раководството. Мадрид секогаш ги сака најдобрите играчи, и мора да признаеме дека нашата актуелна сезона не беше најсилна. Не знам кој нема да биде тука, бидејќи тие сѐ уште имаат договори, изјави денеска Зизу.

320

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан продолжува да ги одржува играчите на Реал Мадрид под притисок. Тој не кажува со кого планира да се раздели по крајот на сезоната, но сигурно е дека ќе има такви играчи. Ќе има и нови пополнувања, но Французинот не кажува многу и за овие планови.

– Знам кои играчи не сакам да заминат. А во однос на новите – ќе зборувам за ова со раководството. Мадрид секогаш ги сака најдобрите играчи, и мора да признаеме дека нашата актуелна сезона не беше најсилна. Не знам кој нема да биде тука, бидејќи тие сѐ уште имаат договори – изјави денеска Зизу.

Тренерот одби да даде конкретен одговор на прашањето дали Герет Бејл е за продажба. Зидан, сепак, потсети дека тој донел одлука за голманската позиција, каде што Кејлор Навас и Тибо Куртоа моментално се натпреваруваат. Се чини дека еден од нив нема да биде на „Сантијаго Бернабе“ во новата сезона.

– Не обрнувам внимание на она што се зборува за ова прашање. Јас само велам дека за мене работите на оваа тема се јасни – заврши легендата на „белите“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...