Фудбалерите на Реал не се задоволни од Хамес и Бејл

179
ФОТО: EPA / Juan Carlos Hidalgo

Повикувајќи се на информации од неколку фудбалери, во шпански медиум се појавија шпекулации дека играчите на Реал Мадрид не се задоволни од односот на Хамес Родригез и Герет Бејл.

– Двајца играчи на „Реал“ не наоѓаат заеднички јазик со соиграчите. Зборуваме за играчите од средниот ред Хамес Родригез и Герет Бејл – пренесува „Либертад дигитал“.

Играчите на мадридскиот клуб веруваат дека овие двајца ги кршат клупските правила и не покажуваат почит кон тимот.

Според шпанските медиуми, Реал Мадрид веќе решил да се раздели со Бејл. Самиот Велшанец е исто така подготвен да го напушти тимот.

ФОТО: EPA / Juan Carlos Hidalgo

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...