Фрчкоски бара 14,5 илјади евра отштета од Стојан Андов

1242

„Макфакс“ пишува дека во решението на скопскиот Граѓански суд за привремената мерка забрана за продажба на книгата на Стојан Андов „До атентатот и по него“ пишува дека вредноста на спорот е 900 илјади денари или приближно 14,5 илјади евра.

Толкав износ побарува тужителот, универзитетскиот професор Љубомир Данаилов Фрчкоски, од поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов.

„Макфакс“ дознава дека решението на скопска „двојка“ го обжалиле адвокатите на Стојан Андов пред Апелациониот суд во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...